ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ја затскрие површноста на доказите и се фокусира кон манипулација

Од:

Повикот на СДСМ да не се гледаат и да не се посветува внимание на снимките, кои самите тие ги пласираат преку своите медиуми говори за нивниот аматеризам, но и за нивниот концепт на работа, концепт на манипулации, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Фросина Ременски од СДСМ.

– СДСМ прво го повика МВР да реагира, а сега кога МВР отпочна процедура за проверка и утврдување на веродостојноста на фактите, вика оставете ги материјалите “МВР и Јанкулоска да не бараат да водат истрага, туку Обвинителството е должно тоа да го прави”. Со ова СДСМ сака да ја затскрие површноста на доказите и се фокусира кон манипулација. СДСМ со ова се вади од кашата во која сами се заплеткаа. Со ова СДСМ покажува дека се подготвени на се, па дури и со снимки и фотографии кои предизвикуваат потсмев, само за да извлечат некаква политичка корист, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението, очекува дека надлежните инстутуции ќе ги утврдат фактите и ќе придонесат за расветлување на сите околности околу случајот кој беше посочен.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела