ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со сеење на лаги и манипулации

Од:

„СДС продолжува со сеење на лаги и манипулации и затоа ќе изгуби на локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ нуди програма со мерки и проекти кои што се реални и произлегуваат од потребите на граѓаните.

Нашите проекти се произлезени од граѓаните како нивна иницијатива и реална потреба.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години докажа дека се што вети реализира,токму заради тоа граѓаните имаат цврсти гаранции дека програмите и проектите кои кандидатите за градоначалници ги ветуваат ќе бидат со сигурност исполнети и реализирани и граѓаните ќе добијат поурбани и поубави места за живеење.

Програмите на кандидатите на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ги отсликуваат реалните потреби на граѓаните, преточени во суштински проекти кои излегоа како идеја од посетите кои ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во секое едно населено место низ државата.

Владата на СДС во изминатите 120 дена покажа и стана репер како не треба да се работи.

Поради немоќ и неспособност да реализираат ниту еден нивен проект,единствено нешто по што СДС стана позната е блокирање и стопирање на проектите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше и започна да ги гради, додека беше на власт.

Поради недомаќинското и расипничко работење, СДС во изминатите три и пол месеци ја доведе државата пред банкророт,а економијата ја турна на колена.

15-ти Октомври ќе биде денот кога граѓаните ќе ја почнат конечната демонтажа на овој аздисан и расипнички режим. СДС поради лошите политики,ќе доживее уведлив пораз на локалните избори“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ