ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со неаргументирани и неиздржани пријави до ЈО базирани на манипулации

Од:

СДСМ продолжува со своите правно неаргументирани и неиздржани пријави базирани на манипулации, до Јавното обвинителство, со цел да ја дефокусира јавноста од скандалозното и деструктивно сценарио што го спроведува Зоран Заев, се вели во пишаната реакција на ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека денес таа задача да парадира пред камерите му беше доверена на Дамјан Манчевски, човекот кој јавноста го знае по две работи – првата е аферата со паркинзите во Куманово, каде неговата фирма доби тендер од околу 400 илјади евра од неговиот сопартиец и градоначалник на Куманово, и второ по тоа што за најголем свој успех го смета фактот дека е десна рака на Радмила Шекеринска и аминџија на сите нејзини погубни политики.

– Ете со ваков човек СДСМ се обидува да ја манипулира јавноста. СДСМ наместо да прави алиби за штетата која и ја нанесува на Македонија и на граѓаните, треба да одговори на десетиците прашања кои јавноста ги има кон нив, а се поврзани со секојдневните лаги кои ги пласираат и сами си ги демантираат, стои во реакцијата.

Нивното сценарио, според ВМРО-ДПМНЕ, е целосно разобличено.

– На сите им е јасно дека СДСМ направи крајно низок обид да се добере до власт по секоја цена, без поддршка од народот, без избори, користејќи креирани и сечени материјали добиени на криминален начин од некој кој не и мисли добро на Македонија. Ете ова е вистината за СДСМ и нејзините деструктивни политики кои кај граѓаните воопшто не поминуваат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија