ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да ја манипулира јавноста

Од:

СДСМ, кој не инвестираше ниту денар во образованието и не спроведе ниту една единствена реформа, денес создава вештачка тензија за де спречи суштински реформи за подобрување на образовниот систем, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на опозициската партија.

– Целокупната јавност добро знае дека овие реформи беа најавени пред неколку месеци, а сите високообразовни институции беа повикани конструктивно да се вклучат во јавната дебата која траеше цели три месеци и чиј плод се 20 прифатени сугестии и предлози од општествените чинители. СДСМ доколку сакаше да помогне во креирањето на политиките и реформите за унапредување на квалитетот на високото образование, можea да го сторат тоа со присуство, дебата и конструктивност во Собранието, чијашто работа ја бојкотираат, стои во реакцијата на владејачката партија.

– Маглата која ја сееше СДСМ се тргна. Јавноста, а особено професорите и студентите, сфатија дека овие реформи се со намера да го издигнат нашиот систем на ниво на европскиот, нашите студенти да имаат квалитетни знаења на европско ниво од областа која ја студираат, а наставничкиот кадар да биде компетитивен со нивните странски колеги, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела