А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да игра улога на портпарол на СЈО

by А1он24/03/2016 - 13:3924/03/2016 - 13:40110
Share0

СДСМ и понатаму продолжува да игра улога на портпарол и адвокат на Специјалното јавно обвинителство и на Катица Јанева, се вели во пишаната реакција на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се посочува, нималку не е изненадена што пратениците од СДСМ продолжуваат и дополнително ја охрабруваат Јанева да продолжи со непочитувањето на својата законска и уставна обврска, со газењето на Уставот, со игнорирањето на законодавниот дом и пратениците, со омаловажувањето на институцијата Претседател на Република Македонија, како и со непризнавањето на Уставниот суд и ред други државни институции.

– СДСМ повторно на дело ги покажува своите двојни аршини. Имено, тие во јавноста постојано се претставуваат како борци за демократски вредности, транспарентност и одговорност пред македонските граѓани, а од друга страна го оправдуваат непојавувањето на Катица Јанева во Собранието на Република Македонија со што попречуваат пратениците и целата македонска јавност да дознаат што и како работи Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, се вели во реакцијата.

Воедно, се посочува, дека ваквата состојба  им одговара само на СДСМ и на Јанева и прашуваат што сакаат тие да сокријат од македонската јавност.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Како Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикуваме Јанева да се извини на целокупната македонска јавност за скандалозната изјава и истовремено повторно упатуваме јавна покана до Катица Јанева да ја испочитува својата законска и уставна одговорност и да дојде во Собранието на Република Македонија да даде одговори за своето работење пред пратениците и јавноста, стои во реакцијата.

dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 11:47

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 10:5613/11/2026 - 16:07

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео