ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека оваа Влада дава поголема финансиска поддршка на земјоделците

Од:

СДСМ денеска прв пат призна дека оваа Влада дава далеку поголема финансиска поддршка на македонските земјоделци од било која влада предоводена од СДСМ во минатото, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, имаше многу години зад себе за да покаже дали и како се грижи за македонските земјоделци.

– Денес, за разлика од тогаш, бројот на вработени лица, кој својата егзистенција ја остваруваат во земјоделието е драстично поголем. Денес државата троши и до 130 милиони евра годишно за директна подршка на земјоделците, а висината на тие средства во иднина, во континуитет и ќе се зголемува. Извозот на земјоделски производи од Република Македонија во континуитет е во пораст, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека Владата на Република Македонија и во иднина ќе продолжи да се грижи за земјоделците без да ги дели на големи или мали.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела