ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку СЈО води монтирана хајка против наши функционери

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ преку СЈО има за цел да води монтирана и политички инспирирана хајка против функционери од ВМРО-ДПМНЕ за да може, како што истакнуваат, да ја спроведува својата антидржавна и деструктивна агенда.

– Позадината е јасна, слабеење на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. Затоа се водат тенденциозни случаи кои не се базирани на правни аргументи, туку на политички конструкции. Случајот со обвинението за наводни шамари е типичен пример за таква политичка конструкција коja е нарачанa од партиските кујни на СДС. Ниту се удрени шамари, ниту е физички нападнат градоначалникот Жерновски, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, целиот случај се заоснова врз протести на здружение кое, како што рече, беше против стопирање на изградба на црквата во Центар, а целокупната штета се два скршени прозори како резултат на револтот на граѓаните.

– Како и за сите други обвиненија нема правна основа, туку се штанцаа со цел функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да се тормозат и влечат по судови додека СДС го спроведува сценариото за разнебитување на државата, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски