ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку пропаднатата прослава сакаше да испере над 40.000 евра

Од:

„Со последниот случај на откривање на скандалот за организирање на прославата, постои сериозен сомнеж дека СДСМ преку прославата имаше намера да испере пари на граѓаните.

Владата беше фатена во лага и со спуштени гаќи за сумата која е потрошена за пропаднатата прослава.

Во обид да ја изманипулираат јавноста и да го релативизираат револтот кај граѓаните, прикажаа дека се потрошени 40.000 евра помалку од парите кои што ги исплатиле на фирмите за организација и за тоа молчеше се до обелоденување на скандалот.

Оттука сите наводи упатуваат на тоа дека СДСМ на најгруб и најбандитски начин ги пере парите на граѓаните.

СДСМ да не се крие зад паушални соопштенија и конечно да одговори на јавноста.

Колку пари вкупно се потрошени за пропаднатата прослава и колку пари се обидоа да исперат?

Зошто за толкава сума не беше спроведен тендер за да можат сите заинтересирани фирми да се пријават?

Како е можно Зоран Заев да ги повикува граѓаните на прослава два дена претходно, пред воопшто да се отпочне процедурата за договарање на фирмите кои ќе вршат услуги?

Како е можно за само 1 ден да се спроведе целата постапка за набавка на услуги?

Кои се 3-те фирми кои доставиле понуди пред да се склучат двата договори за организирање на прославата?

Молкот на криминалната Влада на СДСМ и сите овие неодговорени прашања упатуваат само на една работа, а тоа е дека фирмите биле однапред договорени и СДСМ имале намера да перат пари преку нив.

Ги охрабруваме Јавното обвинителство и агенцијата за спречување на перење пари веднаш да отворат случај и да ги утврдат фактите.

Криминалната Влада на СДСМ мора да сноси одговорност што ги цица парите на граѓаните.

Многу брзо ќе дојде денот кога ќе одговараат. Република Македонија и граѓаните ќе победат!“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”

А1он

(ВИДЕО) Шукова: Скопје без хартија дигитален град за сите

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Горан Наумовски

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Горан Наумовски

Инфлацијата беснее а Владата на Мицкоски без никакви мерки прави статистички спинови, велат од СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Кога нема резултати власта посегнува по црни кампањи, никако да разберат дека се прочитани

Горан Наумовски