ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно не учествува на собраниските седници

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска изрази разочарување и го осуди потегот на СДСМ повторно да не учествува во работата на седниците на Собранието на Република Македонија.

– На тој начин покажуваат дека ништо не менуваат во своето однесување. Имаат можност преку учество во расправа и посебно преку поднесување амандмани квалитативно да влијаат, но не го направија тоа.

– Единствено седниците на Собрание ги користат да изнесат критики за нас, да манипулираат без да се осврнуваат на резултатите, изјави директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека врвен приоритет на владејачката партија останува формирањето на ат-хок комисијата за настаните од 24 декември.

Изразуваат надеж дека новото раководство на СДСМ ќе има многу поконструктивен приод во однос на комисијата и изборот на нејзин претседател.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски