ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно бега од реалноста

Од:

ВМРО-ДПМНЕ порача дека реакцијата на СДСМ на анкетата што ја направил ИРИ е само уште еден доказ за неспособноста да ги увидат своите грешки.

„Соопштението на СДСМ во врска со анкетите од Интернационалниот Републикански Институт (ИРИ) е само уште еден доказ за бегство од реалноста и неможноста грешките да ги побараат и увидат во себе, па ги бараат во сите други“, посочува владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто, пак, за СДСМ биле релевантни „анкетите на Ѓорѓи Спасов“.

„Овој пат на СДСМ Американците им се виновни што направиле ваква анкета, па веднаш побрзаа да ја прогласат анкетата за нерелевантна.Дали предизборните анкетите на Ѓорѓи Спасов беа релевантни за СДСМ и како тие веруваа на анкетите на Ѓорѓи Спасов ако се смета дека и тие се правени во хибриден режим? Сметаме дека има дел од луѓето во СДСМ кој се срами и се смее на ова денешно соопштение кое покажува дека раководството во таа партија не е во реалноста, туку е некаде далеку во вселената“, порачува владејачката партија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела