ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покажува дрзок, лицемерен и дволичен одност спрема јавноста и студентите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со одговор дека „СДСМ покажува дрзок, лицемерен и дволичен одност спрема јавноста и студентите, поради тоа што во време кога тие беа на власт не спроведоа ниту еден единствен проект во корист на студентите, во корист на нивниот стандар и во корист на подобрување на високото образование во Република Македонија“.

„Во време на СДСМ партиципациите на факултетите беа двојно, тројно и повеќе пати поголеми од оние денес, не се отвори ниту еден факултет ниту дисперзирани студии заради доближување на високото образнование во различни градови. Можност да студираат имаа само одредена тесна група на граѓани, се учеше од скрипти и книги на странски јазици, а стипендирањето беше сведено на минимум. ВМРО-ДПМНЕ ги има констатирано административните проблеми при спроведување на проектот бесплатен превоз од ЈСП и тие континуирано се разгледуваат и ќе се решаваат и надминуваат.

За разлика од времето на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ спроведува голем број проекти и реформи во образованието со кои се подобрува студирањето и животот на студентите. ВМРО-ДПМНЕ со многу труд, енергија и вложувања постојано спроведува голем број на проекти и реформи во образованието“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се намали партиципацијата на факултетите, се отворија нови универзитети,факултети и дисперзирани студии во многу градови, започнаа да се реновираат студентските домови, за прв пат студентите добија бесплатен превоз со воз, бесплатен авобуски превоз,бесплатен влез во театрите и кината низ цела Македонија, се преведуваат огормен број книги од кои се учи на најпрестижните универзитети во светот, се зголеми бројот и висината на стипендиите и студентите од Македонија добија можност преку Министерството за образование годишно да аплицираат и добијат повеќе од 7.000 стипендии по различни програми. ВМРО –ДПМНЕ со внимание, многу работа и труд се обидува континуирано да ги подобрува условите за студирање во Македонија. Тоа е еден од врвните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски