ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ носи закони на штета на македонскиот народ

Од:

„Република Македонија крахира и на економски и на политички план. Граѓаните секојдневно осиромашуваат, а СДСМ носи закони кои се на штета на интересите на македонскиот народ и држава. Се покачуваат акцизите и давачките, а на политички план се злоупотребуваат институциите и политички се гонат неистомислениците.

Владата на Зоран Заев за само три недели Република Македонија ја задолжи за 600 милиони евра.

На сила се турка неуставен закон за двојазичност, а од јавноста се крие што се договора за името на државата.
Демократија нема, а судовите политички и без никаква основа во притвор држат патриоти.

Видни актери, уметници, режисери, архитекти, доктори и истакнати граѓани се прогласени за терористи.

Судот делува како продолжена рака на СДСМ и му помага на Заев во политичката хајка против лица кои никогаш не сториле ниту прекршок, а не пак терористички акт.

Дурловски, Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите не се терористи, туку патриоти!

Државата нема да тргне ни чекор напред кон ЕУ и НАТО се додека не се почитуваат елементарните права на човекот.

Правосудните органи во интерес на Македонија и иднината на државата мора да ја вратат правната државата. Власта мора веднаш да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата.
Законите мора да биде исти за сите.

Селективноста и неправдата одат на штета на Република Македонија. Државата мора да биде еднаква кон сите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста