ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема ниту една гринфилд инвестиција

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на прес-конференцијата на Игор Ивановски од СДСМ на која обвини дека најголема изборна лага е ветувањето на Груевски за 8 милијарди ебра инвестиции.

„СДСМ нема ниту една гринфилд инвестиција. ВМРО-ДПМНЕ само во минатите неколку месеци има над 10 гринфилд инвестиции“, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ, велат, ги зголеми платите за 22 отсто, пензиите за 33,5 отсто, а СДСМ ги намалуваше пензиите и не ги покачи платите.

„ВМРО-ДПМНЕ ја изгради обиколницата околу Скопје, автопатот до Табановце и обезбеди средства за Демир Капија- Смоквица, изгради над 360 километри локални патишта, а СДСМ ниту еден. ВМРО-ДПМНЕ ја изгради браната Света Петка. Оваа Влада започна и ги рехабилитира турбините и генераторите во РЕК Битола, набави нова рударска опрема за рудниците, се изготви проект и се обезбедија средства за првиот ветерен парк, се изработија проекти и се обезбедени средства за Бошков мост и Луково поле, се рехабилитираат постоечките хидро централи, се изгради нов диспечерски центар, нова 400 киловолтна трафостаница во Штип и далековод до Бугарија“, стои во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ