ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема ништо добро да и понуди на државата и граѓаните

Од:

На денешната прес-конференција на Зоран Заев, на кој беа презентирани нови снимки, односно „бомби“ од името на ВМРО-ДПМНЕ, одговори Илија Димовски, доскорешниот директор на партискиот центар за комуникации.

– Готово е господине Заев. Готово е со вашата штетна и погубна политика и стратегија. Очигледно е дека ниту вие, ниту вашата политичка партија нема што добро да и понуди на нашата држава и нашите граѓани. Тоа се гледа секој ден.

Ниту еден креиран, сечен и монтиран материјал тоа не може да го промени. Вашата политика носи само штета на граѓаните, на сите, и на целата држава.

Граѓаните го видоа тоа. Илјадници и илјадници излегоа на улиците на најголемиот политички собир во демократската историја на Македонија пред Собранието, за да ви покажат дека нема да дозволат вашето сценарио за дестабилизација да се реализира до крај. Готово е. Ќе мора да го прифатите тоа.

Колку и да се обидувате со вашите неточни воведи да ја манипулирате јавноста и да пробувате да ја насочувате да размислува како што вие во СДСМ сакате и посакувате да ги осилувате вашите сопартијци, се повеќе станува јасно и од вашите креирани и сечени материјали како овие денешниве дека во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои работат за својата земја и за својот народ, дека се трудат согласно законите да реализираат проекти кои ќе обезбедат вработувања на луѓето и економски развој на државата, на ефикасна и правична борба против корупцијата со проверка на сите факти и аргументи и санкционирање на прекршителите на законите, дека работат за подобри услови за развој на културата, позитивни меѓучовечки односи и надминување на недоразбирањата, дека сме луѓе кои се самокритични во функција на подобрување на ефикасноста на реализација на проектите од кои корист ќе има народот – порача, меѓу другото, од името на својата партија, Димовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ