ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема квалитетни кадри

Од:

„Десет дена не се појавувате во медиумите што доволно зборува дека сте претворени во мејл партија и е доволен доказ дека во СДСМ нема квалитетни кадри. Нашите информации говорат дека Хари Локвенец е на саем за недвижности за да го оплоди својот капитал стекнат во времето на транзицијата“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога сме кај нашите кадри, велат, тие се добропознати на прилепската јавност по нивната чесност и посветеност, а резултат на нивната работа се шесте последователни победи.

Најпрво исчистете го вашиот двор од транзициските политичари, реформирајте се па дури потоа занимавајте се со нас.

Ние нудиме проекти со конкретни рокови, програма и отчет за сработеното.

Повелете понудете подобри решенија кои ќе им го олеснат и подобрат животот на прилепчани, а не лаги, дезинформации и шпекулации.

Тукму нискиот рејтинг од 13% е резултат на вашата безидејност и соработката со новиот коалициски партнер Љубчо Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ