ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за борба против корупцијата

Од:

„Ако има независно обвинителство и независен суд, тогаш Зоран Заев сигурно нема да биде премиер. После вчерашното сведочење во кое видовме јавно признание како Заев барал поткуп од едно евро за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата од метар квадратен, СДСМ нема кредибилитет да говори за борба против корупција.

Без разлика дали Обвинителството и судот ќе се ослободат од партиските стеги на СДСМ, Зоран Заев мора да покаже малку достоинство и да се повлече.

Македонија е заробена држава, а институциите се под целосна контрола на Заев и СДСМ.

СДСМ нема право да говори за правна држава. СДСМ го урниса правниот поредок во државата, 10 месеци ги тероризира неистомислениците и врши класичен политички прогон каков што не е виден во Македонија.

Македонија под раководство на СДСМ стана единствената држава во Европа во чии затвори се наоѓаат политички затвореници. Со секој монтиран случај по нарачка на Зоран Заев и СДСМ за неговите политички противници, Македонија е се по далеку од правната држава и демократско општество, а со тоа дефакто сме подалеку од нашата стратешка определба за членство во ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он