ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кандидати за градоначалници затоа што никој не им се нафаќа да ги загуби изборите

Од:

„СДСМ нема кандидати за градоначалници во големите општини затоа што никој не им се нафаќа да ги загуби изборите. СДСМ се во шок од анкетите, дури и тие кои ги прават за сопствени потреби покажуваат дека СДСМ губи. СДСМ нема се уште кандидат за градоначалник на Велес затоа што никој не се нафаќа да биде жртвено јагне. Неколку видни членови веќе го одбиле раководството на СДСМ затоа што не сакаат да трчаат однапред изгубена трка во Велес“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Во меч без ракавици не сака да оди никој и во Прилеп. СДСМ го губи градот, и сите се дистанцираат од можноста да се кандидати на партијата која го штити Чипсио, кој како шофер на Заеви шверцаше дрога.

СДСМ губи и во Аеродром. Најнеспособниот скопски градоначалник после Шилегов, Марин ја унакажа општината, трошени се општински пари без ред, а сметката е во минус. Никој не сака да биде боксерска вреќа за криминалот на Марин.

Заев нема луѓе и сите го напуштаат. Анкетите на НДИ се уште еден доказ дека СДСМ губи. Партиските анкети го говорат истото. Затоа секаде каде што до сега имаат соопштено кандидати, се стари и истрошени кадри, нема нови лица затоа што никој не сака да губи.

Наспроти истрошените кадри на Заев и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нуди нови кадри, чесни луѓе, професионалци во своите области. ВМРО-ДПМНЕ нуди кандидати кои ќе направат од своите општини поубаво место за живеење.

Доаѓаат промени. Народот сака подобро. Време е за Македонија за сите луѓе“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски