ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека протестира кај Црвенковски

Од:

Опозицијата денеска ја згрешила локацијата за истурање на револтот против сиромаштијата. Наместо пред зградата на Министерството за труд и социјална политика, СДСМ требало да протестираат пред канцелариите на нивниот партиски шеф, Бранко Црвенковски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, после протестите на опозицијата.

– Во негово време се создадоа стечајците како социјална категорија, а 200.000 луѓе останаа без работа и речиси уште толку семејства на работ на егзистенцијата. Само за потсетување на Бендевска, рекордната стапка на невработеност беше достигната во време на СДСМ, кога таа изнесуваше цели 39 отсто. Во време на светска економска криза ВМРО-ДПМНЕ, не само што не ја зголеми невработеноста, туку успеа да ја смали за 7 отсто. Во време на СДСМ работничките права беа брутално кршени. Тогаш СДСМ работниците ги нарекуваше заштитени бели мечки од планина, се вели во писмената реакција на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина