ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нека ги земе во предност интересите на граѓаните

Од:

„СДСМ воден од партиските интереси, ги става во залог потребите на македонските граѓани.

Зоран Јовановски, човекот кој зад себе има десетина промашени проценки и прогнози за македонската економија, повторно излегува и дава штетни и крајно неодговорни изјави.

Очигледно дека шлаканицата која што ја доби од Светската банка не ја разбира. Се доведуваме во прашање дали воопшто овој човек се разбира од економија, кога најрелевантната меѓународна институција му одговори дека Македонија води правилна фискална политика и воопшто не спаѓа во групата на сериозно загрозени држави.

Доколку мисли барем еднаш да им излезе во пресрет на интересите на граѓаните, треба да им сугерира на своите колеги од СДСМ да ги повлечат непотребните  амандмани, со кои што се кочи донесувањето на Буџетот и одобрувањето на кредитот од Светската Банка.

Со тоа ќе овозможи да се обезбедат покачувања на пензиите, социјалната помош и да се спроведат реформите неопходни за подобро функционирање на македонската економија и стопанство.

Во спротивно, Зоран Јовановски и СДСМ ќе бидат одговорни за штетата од 84 милиони евра, што Македонија ќе претрпи со издавањето на еврообврзница, наместо  добивањето на поволните кредити од Светската банката по каматна стапка, која се одобрува само на најстабилните светски економии. Оваа разлика од 84 милиони евра може да биде употребена во наредните 7 години во изградба на нови училишта, болници и помош за најзагрозените социјални групи во Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на  прес конференцијата на Зоран Јовановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер