ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ неаргументирано само критикува

Од:

„Кога Ана Павловска Данева говори, треба да има предвид дека напредокот кој го остварува Република Македонија е евидентен и константиран во три последователни позитивни извештаи на ЕУ. Или за Данева тие не се релевантен и доволно авторитетен извор? Очигледно е дека СДСМ под раководство на Бранко Црвенковски го изгуби компасот и луѓето од раководството на СДСМ како да не газат повеќе по земја и обвинуваат по секоја цена“.

Вака реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Данева, од која како што велат од партијата на власт не очекуваат да ги пофали.

„Само за потсетување, во тек е и високиот пристапен дијалог со ЕУ, кој наидува на исклучително поволни и високи оценки од страна на сите значајни фактори во ЕУ. Но очигледно и овој дијалог СДСМ од самиот почеток го потценува.

Оттука не очекуваме СДСМ и Данева да не пофалат, ако тоа го направат ние би биле зачудени и ќе помислиме дака нешто сме погрешиле.

Ниту Ана Павловска Данева, ниту било кој од СДСМ, изминатиот период не најде доблест да пофали било кој проект или работа која е направена, а направено е доста. Затоа не ни очекуваме дека и овој пат Данева ќе смогне сили да ја пофали барем еднаш работата на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ“, велат од партијата на власт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ