ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ неаргументирано ги напаѓа проектите во Аеродром

Од:

На пресот на Диме Велковски, кандидат за градоначалник на Oпштина Аеродром, реагираше владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ покажува класично непознавање на проблематиката. Во тек е процес на носење на Детален урбанистички план за реонот околу поликлиниката Јане Сандански со кој се предвидува изградба на читириесетина стамбени објекти, кои се барање на самите граѓани. Со нивната реализација ќе уследи изградба на комплетно нова инфраструктура.

– Во желбата на Диме Велковски да се докаже пред сопствената партија тие ја утнаа темата бидејќи докрај не ги проверуваат работите.

– Несериозно е СДСМ да обвинува на тема инфраструктура, а Општина Аердром е рекодер по реконструкција и изградба на патна инфраструктура. Во минатите години реконструирани и изградени се патишта во должина од 40 километри низ целата општина Аеродром. Меѓудругото се реконстуираа и булевари како Јане Сандански, булевар Србија, булеварот Видео Смилевски Бато, улиците Ѓорги Крапчев, Тодор Чангов, Божин Николов и многу други.

– Затоа СДСМ наместо неаргументирано да напаѓа, коректно би било да излезе и да ги поддржи проектите кои се од интерес на граѓаните, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Писмена реакција на ОО СДСМ Аеродром на сооштение на ВМРО – ДПМНЕ (реакција на прес конференција на Диме Велковски – кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Аеродром), 03.11.2012 год.

„СДСМ Аеродром е целосно запознаен со проблематиката затоа и ја одржа оваа прес конференција. Со неа сакавме да го потсетиме градоначалникот Коневски за неисполнетите ветувања кои беа објавени во неговата изборна програма во 2009 година, а се однесуваа конкретно за решавање на  овој проблем.

– Доколку ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Коневски заборавиле на овие свои ветувања, ги упатуваме да ја погледнат страницата бр. 41 од нивната изборна програма“, се вели во писмената реакција на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски