ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не почитува П од правото

Од:

„Прочитани се сите лаги и сето лицемерие на поразениот СДСМ. СДСМ не знае што е правна држава, ниту почитува П од правото.

Откако десетти пат по ред изгуби на избори, на СДСМ му остана единствено да го спасува двојно-аболицираниот Заев од криминалот во кој што е заглавен до гуша.

Заев не ја плати својата казна за криминалот во Глобал тежок 8 милиони евра бидејќи беше аболициран од Бранко Црвенковски. Заев не ја плати својата казна за обидот преку уцени и закани да ги киднапира институциите, бидејќи беше аболициран од Катица Јанева и СЈО, иако за истото дело веќе има признанија од неговите соучесници и се изречени затворски казни.

Правдата важи за сите освен кога е во прашање аболицираниот криминалец Заев кој постојано со срамна помош на неговите соучесници ги изигрува институциите и им се смее во лице на граѓаните кои за многу помали дела лежат во затвор, а тој за огромни криминали ужива на слобода.
Заев не ја плати казната за криминалната тендерска мрежа во Струмица преку која се испумпан милиони и милиони евра пари на струмичани. Заев не ја плати казната за бесрамното изнудување мито по принципот „Евро за Вицето“. Заев не ја плати казната за криминалната легализација во Цареви Кули.

Сега Заев сака да не ја плати и казната за поразот на избори и да ја поднесе оставката која им ја вети на своите членови ако загуби на избори. Заев и СДСМ се поразени, но тој како и стопати досега повторно бега од своите зборови и ветувања.

Меѓутоа аболицираниот криминалец Заев нема вечно да може да бега и да биде спасуван од неговите сопартијци, специјални соучесници во криминалот и разни портири во конзуларни претставништва кои му служат за изговор секогаш кога ќе бега од судот и правдата.

Казната за секој негов криминал ќе го стигне. Аболицираниот криминалец Зоран Заев ќе одговара за секое злодело во кое учествувал“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација