ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се помири со фактот дека нашите градоначалници успешно ги водат општините

Од:

СДСМ не може да се помири со фактот што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успешно ги водат општините и покрај долговите кои ги оставија нивните претходници од СДСМ и опструкциите на централната власт велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Но кога СДСМ сака да зборува за трошење на народните пари нека го направи тоа за аздисаноста на институциите кои ти ги раководат. Зарем за СДСМ е нормално во услови на криза да се трошат 50.000 евра за набавка на кафе од страна на СОЗР. Додека СДСМ глуми загрижена за стандардот на граѓаните истата институција набавувала режано цвеќе во вредност од 50.000 евра. Додека народот гладува владата на СДСМ и ДУИ потрошила над 200.000 евра за хотелски услуги. Ете ова е лицемерието на СДСМ. Народот тоа го гледа и народот тоа ќе го казни на следните избори,се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби