ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ја интересира ништо друго освен да биде власт без опозиција и без никаква контрола

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз, нивното парламентарно мнозинство и Владата на Република Македонија ја загрозуваат евро-атланската перспектива на Република Македонија.

Со продолжените постапки на политички реваншизам, политички прогон и провокации кои не одат во насока на интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, СДСМ јасно покажува дека ним не им е приоритет ниту европската агенда, ниту реформите во државата, ниту економијата, ниту стандардот на граѓаните.

Единствено нешто што СДСМ го интересира е да си ги запоседнат фотељите однесувајќи се раскалашено, а своето незнање, неспособност и афери да го покриваат со политички прогон и реваншизам.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со свои активности ќе стори се што е во нејзина можност да и покаже на јавноста дека СДСМ не ја интересира ништо друго освен да биде власт без опозиција и без никаква контрола.

СДСМ покажа дека не сака да има опозиција ниту во Собранието на Република Македонија, ниту во државата. Нивната неодговорност е видлива и е плод на опиеноста од власт. Тргнаа по погрешен пат кој ќе и нанесе лоши последици на целата држава и на сите нејзини граѓани“, се вели во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените