ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не изгради ништо и немаат право да зборуваат за спомениците

Од:

Владеачката партија со соопштение реагираше на барањето на советниците од СДСМ во Град Скопје кои апелираа власта да преземе мерки и да ги врати спомениците на борците од АСНОМ во градскиот парк кои се преполовени или воопшто ги нема.

„Очигледна е конфузноста на СДСМ. Еднаш обвинуваат зошто се градат споменици, а денес критикуваат зошто не се градат.

СДСМ треба да престане со поделбите кои ги прави. Се градат споменици на истакнати личности од древниот период, и од Илинденскиот период, и од НОБ и АСНОМ.

Ако СДСМ толку се грижеше за достојно одбележување на периодот на НОБ ќе поддржеше поставување на споменик на Методија Андонов Ченто, споменикот на Президиумот на АНСОМ, на Павел Шатев, немаше да се противи во Скопје улица да добијат Панко Брашнаров и Киро Глигоров.

СДСМ треба престане со својата деструктивност. Тие не изградија ништо што ќе се памети, затоа немаат кредибилитет да говорат на оваа тема“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?