ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не градеше автопатишта

Од:

СДСМ со години, во неколку мандати, не градеше ништо во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ денес гради три автопати во исто време, Демир Капија – Смоквица, Скопје – Штип и Кичево – Охрид. Со само овие три автопатски делници вкупната должина на автопатската мрежа ќе се зголеми за повеќе од 60 отсто. Дополнително се вршат огромен број на реконструкции и проширувања на различни патни правци низ Македонија, токму како што е автопатот Велес – Скопје и магистралниот пат Велес – Кадрифаково, порача ВМРО-ДПМНЕ во својот одговор на реакцијата на СДСМ на денешната изјава на премиерот Никола Груевски, кој денеска церемонијално го означи почетокот реконструкцијата и рехабилитацијата на делницата Велес-Катланово од автопатот „Александар Македонски“ во должина од 23,5 километри, инвестиција вредна 5,7 милиони евра. Груевски истакна дека реконструкцијата претставува исполнување на ветувањата дадени на изборите.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и во периоди на тешки економски кризи издржа на својот план за силни и големи инвестиции во инфраструктурата, за што да потсетиме СДСМ секогаш беше против. СДСМ не гласаше ниту за изградбата на новите автопати, ниту за реконструкциите на постојните“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела