ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не е решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија, СДСМ е проблемот

Од:

„Две недели СДСМ молчи и бега од избори. Власта е соочена со стравот од пораз на предвремени парламентарни избори и ја носи државата во пропаст заради нечија лична амбиција да остане уште на власт за да продолжи да ја краде државата и народот.

ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува ЦО на СДСМ да собере сили и да покаже барем малку одговорност кон државата и граѓаните и да изгласа предлог за распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет.

СДСМ не смее повеќе да бега. Хаосот во кој ја втурнаа Македонија станува се поголем. СДСМ не е решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија, СДСМ е проблемот.

Две години откако власт е СДСМ, целата држава е во црнила. Наместо покачување на платите и пензиите, слушаме како владините министри се закануваат со намалување.

Власта наместо да овозможи пријатна бизнис клима воведува нови регулативи и повисоки даноци за фирмите и граѓаните. Засегнати се и пазарџиите кои едвај врзуваат крај со крај, а власта размислува како од нив да земе денар плус.

Државата и граѓаните се доведени до раб на пропаст. Црнила во образованието, здравството, земјоделието, безбедноста и во сите други сегменти. Нема нешто во државата што СДСМ не го растури.

Хаосот не смее да продолжи. Потребни се итни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за Македонија да победи!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни