ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ направи политичко насилство, кое што на крај резултираше со физичко насилство

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираат на прес-конференцијата на пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.

„СДС се најодговорни за тоа што се случи во собраниската сала. СДС спроведе политичко насилство со газењето на Уставот, законите и деловникот. Тоа е директно газење на државата и нејзиниот правен поредок.

Политичкото насилство кое го направи СДС на крајот резултира со физичко насилство. Незаконскиот обид, од страна на СДС да си го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието беше провокација кон Македонскиот народ.

Со обидот да се формираат параинституции СДС ја враќа демократијата во Македонија чекори наназад и прави директна штета и на Република Македонија и на нејзините граѓани. Тоа може да им користи само на оние сили во земјава и надвор од неа кои не и мислат добро на Македонија.

Нема оправдување за ниедно насилство но СДС ќе биде запаметена во историјата како главен виновник за немилите случувања во Собранието на Република Македонија.

Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот се противи на нивните планови за тргување со највисоките државни и национални интереси. Криминалците од СДС мора да сфатат дека народот си ја сака земјата и нема да дозволи нејзино разнебитување.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски