ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ лажира документи

Од:

ВМРО – ДПМНЕ го повикува Јавниот обвинител да се произнесе во најкус можен рок, а Гордана Јанкуловска повторно ќе му даде шанса на Шилегов и новите клевети да ги брани пред надлежниот суд, се подвлекува во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

СДСМ, се вели во реакцијата, се очајни и се обидуваат преку монтирани и лажирани документи, здружени со лице правосилно осудено за фалсификат и злоупотреби, со неважечки печат и измислен поттпис, како што стои, да создадат магла која ќе ја покријат нивната безидејност.

– Ние нема да дозволиме да влеземе во лошиот филм на СДСМ и нивната ниска политика на фалсификати и монтажи. Ако вака продолжат само уште повеќе ќе се дозаглават во калта во кои самите паднаа, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.
На 27. април, се истакнува во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ, граѓаните го дадоа најдобриот одговор на политиките на лаги, манипулации и подметнувања кои, се посочува, се единствената понуда и во моментов единственото нешто од СДСМ.

– Јасно е дека СДСМ е во очај. Јасно е дека таму веќе не се знае кој кого и за што лаже. Тоа што не е јасно е до каде ќе продолжи да тоне бродот и до кога ќе продолжи неодговорното однесување и манипулациите пред целокупната јавност. За политиката на клевети и навреди која ја практикува портпаролот Петре Шилегов, својот одговор го даде и судот кој веќе го прогласи виновен за фабрикување на невистинити приказни, кои имаат цел единствено да нанесат штета, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела