ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крои план како недемократски да ја спроведе платформата

Од:

„Зоран Заев е најголемиот криминалец кој некогаш заталкал во политиката. Колку има украдено, рекетирано, затаено тој и неговите најблиски соработници од криминигено раководство на СДС е главното прашање кое си го поставува јавноста бидејќи гледа дека по ниедна цена не помислуваат да ги отфрлат уцените и да се откажат од распродажбата на националните и државни интереси.

Станува се поочигледно дека со предавници, лажговци и криминалци како што се СДС не може да се постигне никаков договор кој не би бил на штета на државата.

Напротив, тие кројат планови како недемократски да почнат да ја спроведуваат Тиранската Платформа. Тие се подготвени и на сила да ја погазат волјата на народот, националните и државните интереси.

Затоа револтот на граѓаните расте секој ден.

Најпрво СДС одбива да се откаже од Тиранската Платформа, чии елементи водат кон разнебитување на државата.

Потоа СДС премолчи и за најавите на албанскиот МНР дека токму тие елементи треба да се преточат во Устав на Република Македонија.

Сега СДС отворено кажува дека има план како на сила и да го реализира.

Ова е многу сериозно сценарио во кое се вплеткува СДС.

Ова сценарио нема да помине. Народот е против Тиранска Влада и Тиранска Платформа во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ како сериозна и одговорна партија понуди излез од политичката криза. Тоа е Манифестот за Единствена Македонија.

Овој манифест е гаранција на унитарниот карактер на Македонија и најдобар одговор на негирањата кон македонскиот народ, државните симболи и иредентизмот кој го промовираат домашни, но и странски субјекти.

СДС оди спротивно на сопствениот народ.

Затоа стравот на граѓаните од идните политички дејства на СДС е оправдан.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи