ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ креира алиби за непризнавање на изборните резултати

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на обвинувањата од СДСМ за изборна измама со „фантомски гласачи“ оценува дека опозициската партија продолжува да го реализира својот план за креирање алиби за непризнавање на изборните резултати и волјата на граѓаните.

Според ВМРО-ДПМНЕ, неколку пати медиумите и експертите, посочија дека опозицијата подготвува такво сценарио и алиби за да го оправдала својот пораз на локалните избори.

– И оваа денешна прес конференција е само една од низата прес конференции и активности на СДСМ во последната недела за да го оправдаат изборниот пораз, особено после јасните информации кои им пристигаат од теренот, дека немаат никаква подршка за нивните кандидати, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Смета дека СДСМ на овие избори не се занимаваат со програми, проекти и конкретни работи што ги интересираат граѓаните, туку само бараат алиби за „својот очигледен пораз“.

– Ние од ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да дозволиме да влеземе во нивното сценарио и јавно кажуваме дека немаме никаква врска со нивните наводи и набедувања. Очекуваме овој тренд од нивна страна, кој што треба да креира атмосфера со која тие ќе се обидат да ги оспорат изборните резултати, да продолжи до самиот изборен ден. Апелираме до нив да не влегуваат во такви шеми и сценарија и да престанат да измислуваат вакви и слични наводи, се вели во реакцијата од ВМРO-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука