ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ користи семејни трагедии да гради политика врз нив

Од:

СДСМ е решена да користи лични и семејни трагедии и да гради политика врз нив.

АРМ е институција со дигнитет граден врз база на обученоста и подготвеноста на војниците и опременоста на Армијата, а тоа е покажано и докажано до сега, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Максим Димитриевски од СДСМ.

– Впрочем, ако СДСМ смета дека Армијата не ни е функционална, тогаш најдобар демант ќе добијат од признанијата на нашите НАТО партнери. Навистина е жално што СДСМ во трката по партиски поени, гази преку човечки судбини, злоупотребува трагични настани, плука по државните институции и го доведува во прашање капацитетот на нашите војници. Ова што го прави СДСМ е срамно и нечовечки и надвор од сите политички стандарди, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела