ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ копира проекти на претходната власт

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ Благој Бочварски оценува дека СДСМ ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше.

– Додека СДСМ беше во опозиција постојано и гласно го критикуваше Законот за легализација на бесправно изградените објекти и ја обвинуваше тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека реализира популистички мерки, но сега кога тие се на власт, очигледно тоа веќе не важи, се истакнува во реакцијата и се дополнува дека поранешниот состав на пратениците на СДСМ на пленарната седница во 2011 година не гласале за Законот за легализација на дивоградби.

Според пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, недостигот на идеи и капацитет за реализација и испорачување на ветувањата кон граѓаните, Министерството за транспорт и СДСМ го надополнуваат со копирање позитивни проекти кои ги почнала ВМРО-ДПМНЕ.

– Министерството за транспорт и врски предводено од СДСМ, во изминативе 100 дена не реализираше и не започна ниту еден позначаен и капитален проект, не започна со градба на ниту еден локален или регинален пат, не започна со изградба на ниту една канализација или пак водовод, туку напротив, тие постојано се занимаваат со блокирање и стопирање на веќе започнатите капитални проекти, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда