ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ конечно почна да ги прославува хероите и празниците од нашето револуционерно минато

Од:

Го поздравуваме фактот што СДСМ конечно почна да ги прославува хероите и празниците од нашето револуционерно минато. Се надеваме дека пожртвуваноста и влогот на револуционерите ќе биде поука СДСМ да престане да биде деструктивна и да започне да работи во полза на интересите на Македонија. Ова се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на Градската организација на СДСМ, Софија Куновска.

– Очекуваме дека СДСМ во неделата на одбележување на 13 ноември ќе покаже доблест и ќе оддаде почит пред новоизградениот споменик посветен на Президиумот на АСНОМ во паркот Жена Борец, пред новиот споменик на партизанскиот генерал Михаило Апостолски, пред споменикот на Методија Андонов Ченто, првиот претсетадел на Президиумот на АСНОМ, пред новиот споменик на партизанскиот херој Кузман Јосифоски Питу, стои во реакцијата.
На тој начин, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе покаже дека ја почитува жртвата на овие великани, но и ќе разбере дека сето она што денес го кажаа е невистина и извртена реалност.

– СДСМ не знае што да им понуди на граѓаните во денешницата и не знае што да им понуди за иднината. Немаат идеи, немаат програма и немаат добри кадри. Штета е што таа празнина се обидуваат да ја пополнат со партизација и политизација на историјата. ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш изразувала еднаква почит кон сите херои од сите епохи на револуционерната борба, вклучително и од времето на Народноослободителната борба, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека СДСМ после овој чекор, во иднина ќе покаже должна почит и кон останатите дејци и датуми од нашата историја кои се подденакво значајни за градењето на македонската државност и независност.

– Доколку тоа не биде случај, тогаш ќе остане фактот дека оваа активност која ја најавуваат има само партиска позадина и за цел политизација на еден светол датум како 13 Ноември, Денот на ослободување на градот Скопје, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски