ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ како на расипана грамафонска плоча повторува исти фалични тези за референдумот

Од:

„Стандардно, веројатно за половина час од сега СДСМ ќе го пушти истото, ископирано, стерилно и безидејно соопштение со тези кои се преповторуваат и се уште еден доказ за летаргијата во нивната партија. И не дека сме видовити, туку ова се потпира на искуството во претходните недели, каде СДСМ како на расипана грамафонска плоча повторува исти фалични тези за референдумот, провива, манипулира, го повикува ВМРО ДПМНЕ итн.

Веројатно наместо на работа, луѓето од СДСМ се посветени на криминал. Но тоа нема да го покрие нивниот срам од договорот ниту ќе ги дефокусира аферите кои се случуваат на дневна основа, како и заклучокот дека нема ниту иднина, ниту ЕУ со криминал на кое посветено целото раководство на партијата на власт, со корупција која е највисока во Европа, и која е констатирана од европската унија, со образование кое е на опашката по квалитет во светски рамки, и економија која е на дното во Европа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира