ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја доведе Македонија до национална катастрофа

Од:

Со СДСМ и ДУИ на власт Македонија се наоѓа во безизлезна ситуација, потоната во кризи во која граѓаните се повеќе осиромашуваат. Стандардот од ден во ден опаѓа, а криминалната влада покажа дека нема ниту решенија, а ниту способност да го запре тонењето на државата, напротив тие ја доведоа Македонија во национална катастрофа порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо да растат плати, расте криминалот, расте корупцијата, расте инфоацијата и расте немаштијата. Оваа влада која стана креатор на кризите не може да биде решението за излез од нив, а Македонија и граѓаните повеќе немаат време за чекање.Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди пакет предлози за излез од кризите и оваа тешка состојба во која западнаа државата и македонските граѓани. Предлагаме четири тима во најкритичните области економијата, надворешната политика, здравство и образование. Тие тимови про боно ќе помогнат да се најдат решенија за проблемите на граѓаните се до предвремените парламентарни избори за излез од политичката и економската криза.Доколку Ковачевски не може да донесе одлука, ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара со било кој од СДСМ кој ги носи одлуките, без разлика дали е тоа Зоран Заев, Шекеринска или некој друг се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела