А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја дефокусира јавноста

by А1он24/03/2017 - 16:1725/03/2017 - 08:38165
Share0

Од ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираат на прес конференцијата на Петар Атанасов.

Добивај вести на вибер

„СДСМ на секој можен начин се обидува да ја дефокусира јавноста од темата за прифаќањето на Тиранската Платформа. Затоа сега манипулираат со јавноста. Не сакаат во јавноста да се зборува дека СДСМ прифаќајќи ја Тиранската Платформа, прифаќа редефинирање на Македонија и нејзино претворање од мултиетничка унитарна држава, во бинационална држава на која и се заканува федерализација.

Затоа СДСМ се обидува да зборува на тема образование, само да не спомене ни збор за платформата.

Впрочем СДСМ кога имаше можност да направи нешто за образованието, зад себе остави хаос и една голема катастрофа.

Кога Социјалдемократскиот сојуз имаше можност да покаже од колкава важност е развојот на образованието во Република Македонија, нивен врвен приоритет и единствено достигнување беше криминално спроведената приватизација и отпуштањето од работа на повеќе од 200.000 граѓани, чиишто семејства преживуваа на работ на егзистенцијата.

Оваа нивна практика, дури и отворено најавуваат дека би продолжила доколку успеат да се доберат до власт, со стратегијата која во моментов ја спроведуваат, а која упатува на катастрофални последици по однос на националните и државните интереси и по однос на сите општествени сфери, вклучително и образованието.

Имено, во време кога земјите во светот се натпреваруваат кој повеќе и побрзо ќе направи некаква иновација, СДСМ има брилијантна идеја – натпреварот кај нас да биде кој со помалку учење, предмети и часови ќе заврши училиште, што всушност подразбира бркање на илјадници наставници и професори од своите работни места.

Дополнително, на СДСМ му пречи објективното оценување во училиштата. Екстерното тестирање го наруши комодитетот на нивните олигарси, кои во минатото, преку притисоци и закани кон наставниците им го завршуваа образованието на своите деца, без минимални знаења и познавања на областите кои ги изучуваа. ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на тие лоши вредности од транзицијата. Токму затоа ја променивме таквата состојба и нема да дозволиме земјата да се врати стотици чекори назад.

Граѓаните се против лошите идеи на СДСМ содржани во Тиранската Платформа или како што тие ја нарекуваат – програма за работа. Мнозинството од нив гласаа за програмата Реално, која освен отворање на нови работни места, предвидува и бројни мерки и активности за продолжување на развојот на националниот образовен систем, кој добива европски предзнак. Тоа е болката за СДСМ. Болка се изградените 74 нови училишни објекти, повеќе од 400 реконструирани, изградени 98 училишни спортски сали, воведени најсовремени наставни програми и учебници во основното образование, отворените универзитети и факултети, како и многу други реализирани проекти и реформи кои обезбедија бројни бенефиции за македонските ученици, студенти и нивните семејства, наставници, професори.

Апелираме до СДСМ да се разбудат од моменталната состојба која ја имаат замислено. Немаат право, ниту ќе имаат можност да укинуваат, намалуваат или рушат веќе реализирани проекти кои обезбедија бенефиции за граѓаните“ стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен