ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ имаше шанса, но не понуди ниту една идеја за администрацијата

Од:

Преку писмено соопштение од партијата ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ на тема администрација.

„СДСМ ја манипулира јавноста, а особено вработените во администрацијата. И во изминатата година во која имаа шанса да бидат дел од извршната власт, не понудија ниту една идеја за унапредување на јавните услуги, туку ги блокираа институциите со држење на секојдневни прес конференции со цел ширење на дезинформации, навредување, етикетирање и омаловажување на вработените во јавната администрација.

Наместо таквата политика, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со позитивен, одговорен и партнерски однос кон граѓаните и компаниите. Затоа, во програмата Реално е понуден концепт на сервисна ориентираност на институциите преку воведување на едно шалтерски системи, сали за јавни услуги, општински канцеларии за административна помош, воведување на работна сабота и воведување на флексибилно работно време. Ваквиот сеопфатен и добро промислен сет од мерки ќе обезбеди широк дијапазон на услуги адаптирани на потребите и можностите на граѓаните. Земајќи ги предвид современите технологии кои обезбедуваат голема достапност до јавните услуги, електронски, 24 часа, 7 дена во неделата, граѓаните на Република Македонија и македонските компании и во изминатиот период користеа голем број електронски услуги кои ги нудат Катастарот, Централниот регистар, Фондот за здравствено и Фондот за пензиско осигурување, Агенцијата за вработување, Царинската управа и други институции, се до целосна дигитализација на сите јавни услуги“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела