А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ И Заев треба јавно да соопштат каде планираат да ги вдомат и вработат 150.000 мигранти

by А1он08/10/2017 - 09:32128
Share0

„СДС и Зоран Заев треба на граѓаните јавно да им соопштат каде планираат да ги вдомат и вработат 150.000 мигранти за кои прифатиле обврска да ги населат во Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Неспособното и лицемерно раководство на СДС, на чело со Зоран Заев и Мила Царовска наместо да се кријат зад бледи соопштенија и да ги блокираат референдумите за изјаснување за трајното населување на мигрантите кои ги иницираа граѓаните, треба храбро да излезат и да соопштат зошто преку државниот инспекторат за локална самоуправа кој е владина институција го забранија оваа демократско право на граѓаните.

Доколку СДС мислат дека трајно населување на мигранти е исправна владина одлука и стратегија, зошто не дозволија на граѓаните преку референдум, кој ќе биде организиран заедно со локалните избори, на еден трошок, да кажат што мислат за ваквото погубно решение на владата.

СДС на крајно тоталитаристички начин им го запре загарантираното право на изјаснување на граѓаните во Република Македонија, преку забраната на едно од најдемократски права и уставно загарантирани начела за изјаснување, а тоа е референдумот.

Следете a1on на Youtube YouTube

СДС и Зоран Заев и Мила Царовска не смеат да се затскриваат зад одлуката на инспекторат за локална самоуправа со кој се забранија референдумите околу населување на мигрантите.

Трајното населување на преку 150.000 мигранти ќе има далекусежни последици врз и онака кревката македонската економија, но првенствено ќе се одрази на стапката на невработеност во Република Македонија која иако е намалена сепак е сеуште висока.

Вдомувањето на мигрантите, ќе направи дополнителен притисок врз висината на платите, па така платите наместо да растат со внесувањето дополнителна работна сила од надвор, ќе почнат да се намалуваат.

Во Република Македонија ќе се створи вишок на работна сила за некои дејности во индустријата, каде миграните поради сложената економска состојба во која се наоѓаат, ќе прифаќаат да работат под реалната цена на трудот во земјата, а со тоа работодавачите ќе ги намалат платите за вработените, затоа што во секој момент ќе има некој кој е подготвен да работи за помалку пари.

Тотално е збунувачки и неоправдано е Зоран Заев прифати да насели 150.000 мигранти, во моменти кога минималната плата е 200 евра, стапката на невработеност е 22.9%,а до друга страна една од најразвиените европски и светки држави, како што е Шведска со просечна плата од 3.200 евра и стапка на невработеност од само 6,5% да прифати само 40.000 мигранти, како дел од европската стратегија за прифаќање на мигранти.

На ваквото распродавање на национални интереси и поткопувањена темелите на државата од страна на неодговорната влада на СДС, граѓаните ќе стават крај. СДС убедливо ќе биде поразен на претстојните локални избори“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски11/09/2026 - 08:4211/09/2026 - 09:16

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски09/09/2026 - 08:3509/09/2026 - 09:15

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Горан Наумовски08/09/2026 - 09:04

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:2906/09/2026 - 11:30

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

Горан Наумовски06/09/2026 - 09:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео