ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Виктор Габер немаат кредибилитет да зборуваат за државничките интереси

Од:

СДСМ и членот на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, Виктор Габер немаат кредибилитет да зборуваат за државничките интереси, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Габер.

– Тие ја втурнаа нашата држава во борба за зачувување на својот идентитет и работеа спротивно на државните интереси. Потсетуваме дека во 1995 година Виктор Габер потпиша договор за соработка со Северна Кореја. Благодарение на дипломатските активности на Владата на СДСМ во 90-тите години се променија името на нашата држава и знамето и Македонија ја претворија во полусубјект на меѓународната сцена, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму во тој период, се наведува во реакцијата, Виктор Габер беше потсекретар во МНР и очигледно резултатот од неговата работа покажува дека не му бил интересот Македонија да биде достоинствен и еднаков субјект во меѓународните односи, туку да ги штити своите лични интереси и интересите на партијата од која што доаѓа.

– Благодарение на слепата послушност на Виктор Габер на СДСМ во тоа време, неговото потесно семејство речиси без исклучок беше наградувано на високи позиции во институциите. Оттука ни е и јасно зошто Габер и ден денес одработува за партијата која што ја претставува, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина