ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ и Шекеринска ја кодошат државата

Од:

СДСМ и Радмила Шекеринска продолжуваат да ја кодошат сопствената држава. Тие и понаму продолжуваат да ја оцрнуваат Македонија каде и да стигнат и да го девелвираат напредокот кој е постигнат во нашата земја, стои во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Радмила Шекеринска тргнала по девизата колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ.

Покрај тоа што внатре во државата таа и нејзината партија спроведуваат политики што нанесуваат штета, сега дури и се обидуваат со вакви и слични кодошења да им помагаат на оние кои и го попречуваат европскиот пат на Македонија.

Радмила Шекеринска наместо да ја кодоши сопствената држава требаше да ја искористи својата посета на Франција да ги застапува интересите на Македонија и својот народ.

Радмила Шекеринска можеше да побара почитување на пресудата на Хаг во корист на Македонија, можеше да побара да се вреднува напредокот на Македонија, можеше да побара отпочнување на преговори со ЕУ бидејќи Македонија добива 6 препораки по ред од ЕК.

Радмила Шекеринска можеше барем на средбата со француските социјалисти да објасни како е возможно во една толку кодошена Македонија да може да се живее елитистички живот на висока нога, да се стекне движен и недвижен имот кој вреди цело богатство, да се ужива во скапи забави и балови, да се купува скапа гардероба, луксузни чевли и чанти, да се наплаќа кирија од 5 317 евра за станот во кој живее, да се вози во скапи џипови и да се биде опозиционер како неа.

Радмила Шекеринска и Зоран Заев треба да престанат да ги бараат виновниците за хаосот во СДСМ во сите други. Тоа што не знаат да ја водат партијата, не смее да е причина да ги држат во заложништво напредокот и иднината на граѓаните во Македонија, само заради нивните лични кариери и теснопартиски интереси, стои во реакцијата на ВМРО -ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања