А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и министерот Николовски цел месец ги игнорираа производителите на лубеници

by А1он19/07/2017 - 19:54104
Share0

„СДС покажа крајна неспособност и ги понижи македонските земјоделци. СДС во текот на предизборната кампања ветуваше подобри услови за земјоделците, зголемени инвестиции и решавање на проблемот со откуп, сега гледаме дека ништо од тоа не е остварено.

Добивај вести на вибер

СДС и министерот Николовски цел месец ги игнорира производителите на лубеници и дозволи десеткратно да се намали откупот на лубеници и истите да скапат по нивите, бидејќи нема кој да ги откупи.

Додека земјоделците мака мачат со наоѓање на пласман соочени со голата егзистенција, Николовски посетува скапи забави и се луксузира до раните утрински часови.

СДС не се грижи што тие мали откупени количини на лубеници се откупија по понижувачка цена од само 2 денари која е за 4 пати помала од претходните години кога беше по 7 или 8 денари, со што приходите на производителите на лубеници се намалени за 4 пати и истите сега не можат да си ги покријат трошоците.

Наместо да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ коja се грижеше за земјоделците и во чие време откупните цени беа повисоки, СДС треба да се зафати со работа и да им излезе во пресрет на земјоделците.

Наместо да бара изговори за негрижата кон земјоделците СДС итно да донесе одлука за доплнителна финансиска помош за производителите на лубеници во вредност од 10.000 денари за декар и оваа година да ги ослободи од закупнина на државно земјоделско земјиште и надоместок за наводнување“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен