ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски се единствени што не го осудија промовирањето на фашизам од страна на Бугарија

Од:

„СДСМ и Ковачевски се единствени што не го осудија промовирањето на фашизам од страна на Бугарија. Ковачевски не го осуди отворањето на клубот Ванчо Михајлов. Ковачевски е на линија со бугарските фашизоидни тенденции“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Добрососедство не се шири со провокации, туку со добра волја и искрени намери. Доколку Петков е за добрососедство тој ќе отвори македонски културни центри во Бугарија.

Ковачевски да го повика Петков и на почитување на македонското малцинство во Бугарија.

Ковачевски мора да се придржува и до Декларацијата од собранието, која е гарант на македонската нација, историја и јазик.

Меѓународната заедница да реагира на фашизоидните тенденции на Бугарија, отворањето на културниот центар Ванчо Михајлов е провокација.

Ковачевски воедно да побара и писмени гаранции за нашиот идентитет, јазик и историја од ЕУ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела