ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење

Од:

„Откако Филипче стапна на функција министер здравството стагнира.

СДСМ заедно со Филипче, најавуваа спречување на кризите со недостаток на лекови, а граѓаните секојдневно се соочуваат со недостиг на лекови на рецепта после 10-ти во месецот.

СДСМ и министерот, најавуваа укинување на економските директори и управните одбори на здравствените институции, и дека со овие средства ќе биде финансирано покачување на платите на лекарите и на здравствените работници. Денес сме сведоци дека економските директори се сменети само селективно, се назначуваат нови, а хонорарите на членовите на управните одбори се зголемени за повеќе од 30%.

СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Министерот склучува договори во четири очи, работи на тендери и префрлување на парите во приватните болници. Ништо друго и не го интересира.

Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилата и на деградацијата на здравствениот систем“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on