ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ кршат процедури за да Љубомир Јовески биде нов уставен судија како награда за заштитата на криминалите на власта?

Од:

„Ја повикуваме власта на СДСМ и ДУИ јавно да соопштат дали е точно дека за нов уставен судија го спремаат Љубомир Јовески кој сега е прв човек на јавното обвинителство? Дали е точно дека зад насилното кршење на процедурите во Собрание и упадот во комисијата за избори и именување е само за цел што едно од имињата за нови уставни судии треба да биде токму Љубомир Јовески“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали главната заслуга на Љубомир Јовески е затскривањето на криминалите на актуелната влада и политичките процеси и хајки против ВМРО ДПМНЕ?

Дали е точно дека оваа функција му е ветена од страна на првите луѓе на СДСМ-ДУИ и дали ова е цената за сите премолчувања на криминалите на власта?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела