ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го злоупотребува судството за политички прогон

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат на прес конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.

„Богданка Кузеска доаѓа од партија чиј претседател е амнестиран за криминал. Не видовме никој од СДСМ да побара оставка од Заев.

И во овој момент очекуваме да одговори Богданка Кузеска дали СДСМ ќе пазари од најновата фирма на наследникот на Заев, Душко Заев.

Колку 18 годишници во Македонија може да тераат милионски бизнис?

Се што прави СДСМ е злоупотреба на судството за политички прогон, во ВМРО-ДПМНЕ е нова генерација која ќе донесе промени.

Пресудите во таканеречниот предмет Титаник се потврда дека Димитар Ковачевски продолжува со политиките на Зоран Заев, за злоупотреба на правосудните институции за партиски цели.

Од случајот Титаник може да видиме како функционира системот на изнуда на СДСМ.

Во изминатиов период немаме никаква разрешница за Драги Рашковски, Ден Дончев, Зоран и Вице Заев, ниту бројните други функционери од врвот на власта кои во изминатиов период злоупотребуваа институции.

И сега системот на заплашување и изнуди функционира за да можат Заеви и другите моќници од СДСМ да отвораат фирми и милионски бизниси за да профитираат на грбот на народот.

Паниката во СДСМ е од новата генерација во ВМРО-ДПМНЕ. Луѓе кои се непоколебливи и одлучни да расчистат со криминалот и корупцијата во државата“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот