ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го водеше Куманово во изминатите 27 години и покажаа како не треба да се развива и води

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово од СДСМ.

„СДС и нивните некадарни градоначалници во изминатите 27 години беа локална власт и го водеа град Куманово.

Во тој изминат период СДС стана репер како не треба да се развива и води Општина Куманово.

Недомаќинското и криминално владеење на СДС и нејзините градоначалници, направија во Општина Куманово да царува урбаната мафија,Куманово инфраструктурно да стане еден од најнеразвиените и најзапустените градови во Република Македонија.

Куманово и денес претставува град,каде што во централното градско подрачје имате турска калдрма,неасфалтирани улици и улици без соодветна канализациона и водоводна мрежа.

И покрај најавуваната гасификација,ниту едно домаќинство во Општина Куманово не виде гас како енергенс за греење во својот дом.

И покрај многуте ветувањата за големи капитални проекти на секои избори од страна на СДС,граѓаните и ден денес во 21 век во Куманово сеуште газат кал.

„Планот за живот на СДС” кој го најавува кандидатот за градоначалник на СДС Максим Димитриевски, во изминатите три декади единствено што донесе во град Куманово е младите животот да го побаараа на некое друго место,во некој друг град,во некоја друга држава.

Почитувани,

Максим Димитриевски и СДС се лице и опачина од истата медал.

Тоа е истото расипничко раководство кое на Куманово како град му донесе само стагнација и урбан хаос.

Проектите кои ги нуди Максим Димитриевски се истите лаги и манипулации кои СДС им ги продава на кумановчани многу години наназад ,а не ги реализира и поради кои градот наместо модерен и урбан град и современ град,се повеќе наликува на некоја провинциска касаба.

Поради ваквиот неискрен и манипулативен пристап кој СДС и Максим Димитриевски го имаат кон кумановчани и поради урбаниот масакр кој му го направија на градот Куманово,граѓаните ќе ги казнат на локалните избори и СДС убедливо ќе изгуби“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?