ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го претворија СЈО во партиска испостава која служи за собирање на рекет за лично богатење

Од:

Се што допре Зоран Заев го претвори во пепел. Неговиот криминоген карактер за три години ја уништи, државата, институциите и сите проекти до кои се докопа заедно со своите крими соработници. Наместо неселективен и ефикасен орган на прогон, СЈО го претворија во партиска испостава која служи за заплашување на противниците на Заев и собирање на рекет за лично богатење, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Зоран Заев, главата на политичко-медиумско-судско-криминален октопод нема веќе морално право да говори за закони и да предлага решенија.

Случајот „Рекет“ од ден во ден добива нова криминална димензија, а се погласни се гласините дека во него се вмешани и други високи функционери од власта.

Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите се уште се на слобода, а Заев ги крие велејќи дека не постоеле.

Никој во Македонија не верува дека ваков криминален октопод може да постои без знаење на Заев. Уште помалку граѓаните веруваат дека човекот кој три пати е амнестиран за криминал, Зоран Заев не е вмешан во оваа рекетарска афера.

Катица Јанева веќе 5ти ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не и верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома?

Вистината за случајот Рекет мора да се обелодени. Јавноста мора да знае како Катица Јанева е вмешана во овој криминално рекетарски случај.

СДСМ ја погреба правната држава, СЈО, Рускоска обвинителството и Кацарска судството ја урнисаа надежта дека во Република Македонија може да има правда со Заев на власт.

Право и правда мора да има, и ќе има. Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта. Доколку тоа не се случи, правда ќе има кога Зоран Заев ќе си замине, а тогаш ќе одговараат сите оние кои сториле криминал, како и сите оние кои се ставиле во функција на заштита на истиот.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски