ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го натера Ковачевски да глуми среќен човек

Од:

СДСМ само го потврди она за што пишуваа медиумите, дека во СДСМ врие и владее огромно незадоволство поради кандидирањето на Менде Диневски за кандидат за градоначалник на општина Битола.

Вака коментираат од ВМРО-ДПМНЕ, и според напишаното во соопштението, „од километар можело да се види дека Васко Ковачевски актуелниот претседател на битолските социјалдемократи, е буквално сосила довлечкан за да даде јавна поддрша на личниот избор на Црвенковски за кандидат за градоначалник на Битола и покрај тоа што сите месни организации на СДСМ од овој град, биле против ваквото решение“.

„Васко Ковачевски ако имаше доблест ќе требаше да негира дека јасно и гласно го изразил своето незадоволство и да си ги демантира погрдните зборови, кои што ги упатил за Менде Диневски. Наместо тоа Ковачевски го натераа да глуми најсреќен човек во Битола, поради тоа што му ја одземаа кандидатурата за градоначалник.

Затоа денешнава прес конференција на СДСМ е мизерна, како за личноста на човекот кој сосила го довлечкаа на прес конференција, како за кандидатот за градоначалник, така за самата партија. Ова покажува дека во СДСМ има огромно незадоволство и дека оваа партија не го менува застарениот и надминат начин на работа. Во СДСМ и понатаму главниот збор го имаат неколкумина, а не партиското членство“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите