ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Од:

Откако СДС признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, наместо да се извинат продолжуваат да ги штитат нарачателите, извршителите и организаторите на незаконското следење на претседателот Мицкоски, на новинари и бизнисмени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски наместо да бидат повикани на одговорност, СДС и понатаму се труди со сите сили да ги заштити. СДС продолжува да ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, СДС продолжува да шири лаги и манипулации во врска со случајот и на тој начин да креира валкана и лажна кампања против Мицкоски и власта. ЈО да не ги штити структурите на СДС и ДУИ и да почне да работи на сите предмети и афери кои се објавуваат во јавноста, а не да ги прикрива и молчи и покрај сите докази како и да почне да делува по допрен глас.
ЈО наместо да молчи и соработува со СДС и ДУИ да се произнесе за случајот во спротивно е дел од политиканството и продолжение на незаконското работење, на криминалот и корупцијата. Доколку ЈО и Коцевски не почнат да работат во интерес на правото и правдата и продолжат да бидат неми набљудувачи на процесите, треба да знаат дека тоа нема да трае долго и ќе сносат одговорност“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?